[EN] [MK]

nm_logo-3.jpgCompany

     

Нови ДДВ правила од 1 февруари 2014

Од 1 февруари 2014 година, со Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 12/2014 се воведуваат нови правила за пресметување на ДДВ при промет со отпад и отпадни материјали односно наместо како досега продавачот, отсега купувачот е даночен обрзник и должен да го пресметува и уплатува ДДВ.

Подолу се наведени практични примери како се пресметува ДДВ, што се наведува во фактурите од 1 февруари 2014 и во кои случаи купувачот повторно е даночен обврзник (кога не се пренесува даночната обврска).

ДДВ при прием

1. НовоМетал ДОО Скопје е купувач, а продавачот е ДДВ обврзник

Продавачот не пресметува ДДВ во својата фактура и во истата наведува ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (ЧЛЕН 32-А ОД ЗДДВ) согласно член 53 став (6) од Законот за додадена вредност. Со фактурата се доставуваат транспортни и идентификациони формулари, доколку претходно со испратница не биле доставени.

Продавачот е должен заедно со својата ДДВ пријава (ДДВ-04) да поднесе и посебен извештај согласно член 41-б од Законот за данок на додадена вредност. Формата и содржината на образецот ќе биде дополнително објавена.

2. НовоМетал ДОО Скопје е купувач, а продавачот не е ДДВ обврзник

Со оглед на тоа што продавачот не е ДДВ обврзник, истиот не пресметува ДДВ и издава редовна фактура без да пресметува ДДВ. Со фактурата се доставуваат транспортни и идентификациони формулари, доколку претходно со испратница не биле доставени.

ДДВ при продажба

3. НовоМетал ДОО Скопје продавач, а купувачот е ДДВ обврзник

НовоМетал ДОО Скопје во фактурата кон купувачот не пресметува ДДВ и во истата наведува ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (ЧЛЕН 32-А ОД ЗДДВ) согласно член 53 став (6) од Законот за додадена вредност. НовоМетал ДОО Скопје заедно со фактурата на купувачот ќе му достави транспортни и идентификациони формулари, доколку претходно со испратница не биле доставени.

Со цел докажување дека купувачот е ДДВ обврзник, НовоМетал ДОО Скопје може да побара копија од ДДВ решението за регистрација како ДДВ обврзник на купувачот и/или да изврши пребарување на купувачот на интернет страницата на УЈП.

НовоМетал ДОО Скопје заедно со својата ДДВ пријава (ДДВ-04) ќе поднесе и посебен извештај согласно член 41-б од Законот за данок на додадена вредност.

4. НовоМетал ДОО Скопје продавач, а купувачот не е ДДВ обврзник

Со оглед на тоа што членот 32-а од Законот за данок на додадена вредност се однесува на промет помеѓу даночни обврзници, во овој случај НовоМетал ДОО Скопје е даночен обврзник за ДДВ и во фактурата кон купувачот пресметува ДДВ. НовоМетал ДОО Скопје заедно со фактурата на купувачот ќе му достави транспортни и идентификациони формулари, доколку претходно со испратница не биле доставени.

5. НовоМетал ДОО Скопје продавач, а купувачот е физичко лице (продажба со фискална сметка)

Прометот кон физички лица преку наплата во готовина, не е промет помеѓу даночни обврзници па затоа во фискалните сметки (или фактурите кон физички лица) се пресметува и наплатува ДДВ.

- - - - - - -

Практичен пример со начин на сметководствено книжење

1. Фирмата АА, ДДВ обврзник продава отпадно железо на НовоМетал ДОО Скопје во износ од 10.000 денари без пресметан ДДВ

Фирмата АА издава фактура кон НовоМетал ДОО Скопје во вкупен износ од 10.000 денари и во истата наведува ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (ЧЛЕН 32-А ОД ЗДДВ).

Во сметководствената евиденција на НовоМетал ДОО Скопје истата фактура се книжи според следново:

Конто Должи Побарува
220 Обврски кон снабдувачи   10.000 ден.
230 Обврски за ДДВ 1.180 ден.
130 Побарувања за ДДВ 1.180 ден.
660 Магацин 10.000 ден.

Во сметководствената евиденција на НовоМетал фирмата АА фактура се книжи според следново:

Конто Должи Побарува
120 Обврски кон снабдувачи  10.000 ден.
7ХХ Приходи од продажба 10.000 ден.