[EN] [MK]

nm_logo-3.jpgCompany

   

01.06.2014

Со цел да бидеме што поблиску до нашите клиенти, НОВОМЕТАЛ ДОО започна да развива широка мрежа на партнери во Македонија. Прв партнер за струмичкиот и југоисточниот регион на Македонија стана друштвото ФИЛ-КАС ДООЕЛ Струмица.

- - - - -

26.07.2013

НОВОМЕТАЛ ДОО доби нова проширена дозвола за складирање, третман и/или преработка на неопасен отпад, станувајќи првиот Центар за Третман на Искористени Возила. Воедно, добивем овластување за третман и складирање на сите видови отпадни масла.

- - - - -

01.06.2012

НОВОМЕТАЛ ДОО успешно го помина сертификациониот процес за ОХСАС 18001:2007. Со ова интегриран систем за управување е комплетен и сертифициран, а се состои од ИСО 9001:2008; ИСО 14001:2004 и ОХСАС18001:2007.

Сертификацијата беше изведена од SIQ Slovenia, партнер на IQ Net сертификациската мрежа. Копии од нашите сертификати можат да се видат или да се симнат од страницата за обезбедување на квалитетот.

- - - - -

13.10.2011

НОВОМЕТАЛ ДОО отпочна со имплементација на ОХСАС 18001:2007 стандардот, кој ги покрива професионалната безбедност и здравје. Со имплементација на овој стандард НОВОМЕТАЛ ДОО уште еднаш ја покажува својата посветеност за безбедно работна средина и здрави вработени.

Со имплементацијата на овој стандард и последователната сертификација ќе имаме завршено и имплементирано Интегриран Систем за Управување кој се состои од ИСО 9001:2008; ИСО 14001:2004 и ОХСАС18001:2007.

Како чекор кон имплементација на интегрираниот систем, НОВОМЕТАЛ усвои нова Политика за квалитет, заштита на животната средина и здравјето и безбедноста, која што може да ја симнете од нашата страница.

- - - - -

10.06.2011

НОВОМЕТАЛ ДОО успешно го помина сертификациониот процес за интегрираниот систем за управување со квалитетот и заштитата на животната средина – ИСО 9001:2008 и ИСО 14001:2004.

Сертификацијата беше изведена од SIQ Slovenia, партнер на IQ Net сертификациската мрежа. Копии од нашите сертификати можат да се видат или да се симнат од нашиот линк- обезбедување на квалитет.

- - - - -

25.05.2011

Откако ја преиспитавме нашата Политика за Квалитет, решивме да воведиме некои промени. Новата Политика за Квалитет беше усвоена на 25.05.2011, и содржи нови насоки, особено во управувањето со заштитата на животната средина.

Во момемтот, исто така, се наоѓаме во последна фаза на сертифицирање, кое што, веруваме, ќе биде успешно и ќе се заврши до крајот на Мај 2011.

Нашата нова Политика за Квалитет може да се симне од нашиот линк- обезбедување на квалитет.

- - - - -

18.04.2011

НОВОМЕТАЛ ДОО во потполност ги имплементира ИСО 9001:2008 и ИСО 14001:2004 системите за управување. Се надеваме дека нивното имплементирање ќе придонесе кон уште подобри резултати за нас и нашите клиенти, а во исто време заштитувајќи ја животната средина.

Последниот чекор од сертификацијата ќе се случи најверојатно во текот на Мај оваа година од авторизирано меѓународно тело.

- - - - -

04.05.2010

НОВОМЕТАЛ ДОО има нови канцеларии. Се преселивме од нашите стари канцеларии кои се наоѓаа на бул. Јане Сандански 79А во новите на бул. Кузман Јосифовски Питу 28/24 во мезанинот.

Броевите на нашиот телефон и факсот остануваат истите.

Нашата нова aдреса за пошта е:

НОВОМЕТАЛ ДОО Скопје

Бул. Кузман Јосифовски Питу 28/24

МК-1000 Скопје